• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Спречен обид на илегални мигранти за влез во Турција во Бугарија

Спречен обид на илегални мигранти за влез во Турција во Бугарија

Анкара, 7 октомври 2017 (МИА) - Припадници на турската жандармерија спречија обид на три групи мигранти за илегален премин од Турција во Бугарија.

Како што јави Анадолија, жанадрмеријата во западниот округ Киркларели привела околу 50 мигранти од Авганистан и Сирија, кои со организиран превоз требало да заминат за Бугарија, а од таму кон некоја од западноевропските земји.    

Мигрантите биле откриени во реонот на преминот Дереќој на турско-бугарската граница, по што се префрлени во Центар за прием на бегалци. 

По затворањето на т.н. „балканска бегалска рута“ од Грција, преку Македонија и Србија, кон земјите од ЕУ, последниве месеци зачестија обидите на мигрантите за премин од Турција по копнен пат во Бугарија или преку Црното Море кон бугарскиот и романскиот брег. сп/12:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...