• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

ЛИ 2017/ Богдановиќ: По 50 години ќе ја реконструираме улицата “Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало

ЛИ 2017/ Богдановиќ: По 50 години ќе ја реконструираме улицата “Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Центар, Саша Богдановиќ вети реконструкција на улици, зеленило и нова градинка во Маџир Маало.

- Маџир Маало, една од најстарите скопски населби нема да остане запоставено и заборавено. По кочењето од општина Аеродром, сега и планот и набавката се готови и приоритет веќе во наредната година е реконструкција на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“. Конечно по 50 години, Маџир Маало ќе добие улица каква што доликува. Но не застануваме тука ќе изградиме канализациска мрежа и ќе ги реконструираме и улиците „Светиниколска“ и „Стеван Цветковски“, порача тој.

Богдановиќ вети и садење зеленило низ населбата, поставување нови клупи за седење, канти за отпадоци и чешма за пиење вода, а Маџир Маало ќе добие и ново современо осветлување.

За најмладите е предвидена изградба на современо детско игралиште и градинка за згрижување на 150 деца.

- Ќе продолжиме да ја негуваме и поддржуваме традицијата на Маџирмаалските средби. Маџир Маало ќе стане посакувано место за живеење, рече Богдановиќ. ац/12:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ