• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

ЛИ 2017/ Богоев: Го враќаме сјајот на Нерези, обединуваме, а не делиме!

ЛИ 2017/ Богоев: Го враќаме сјајот на Нерези, обединуваме, а не делиме!

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Нерези е место на стари скопјани, карпошани и тука мора да има подобар и поубав живот за сите, нагласи Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош на средбите со граѓани во Нерези.

- Во 21 век граѓаните се соочуваат со елементарни проблеми. Немаат вода за пиење, канализација, осветлување, нема безбедни улици, додаде тој.

Покрај основните инфраструктурни решенија, Богоев напомена дека Нерези ќе добие и детско игралиште, како и Културно – едукативен центар сместен во просториите на урбаната заедница на Нерези.

- Нерези е типичен пример како треба да функционира мултиетничка средина на локално ниво. Без разлика на верска или национална припадност граѓаните сакаат да продолжат да живеат заедно, без поделби и етикети. Затоа што сите имаме исти проблеми, сите сакаме локален економски развој и младите да ги задржиме во својата земја, нагласи тој.

Вети креирање политики кои обединуваат, овозможуват развој на мултикултаризмот во Карпош и Скопје и намалување на младинската невработеност преку поддршка на бизнис идеи и отворање на старт ап центри.

- Затоа ги предвидуваме и едномесечните средби со граѓаните, ние не сме најпаметни и за голем број од проектите (особено од вашата урбана заедница) ќе црпиме решенија од граѓаните. Всушност, овие денови ги поставуваме и контурите на новата локална власт која започнува да работи од 16 октомври, порача тој. ац/12:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...