• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Русија бара опстојување на Договорот за нуклеарните сили со среден дострел

Русија бара опстојување на Договорот за нуклеарните сили со среден дострел

Москва, 8 декември 2017 (МИА) - Русија инсистира на опстојување на Договорот за нуклеарните сили со среден дострел, но сака Вашингтон да покаже поодговорен пристап кон него, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

- Ние сме за опстојување на Договорот, но за тоа ќе биде потребен поодговорен пристап на САД, истакна Рјабков за московскиот весник „Комерсант“.

Според заменик шефот на руската дипломатије, на евентуални чекори на САД кон раскинување на Договорот, Русија „ќе одговори веднаш и со иста мерка“.

Рјабков најави дека е можно наскоро да се одржи состанок на специјалната комисија за контрола на спроведувањето на Договорот.

Како што пренесува МИА, Договорот за нуклеарните сили со среден дострел е склучен на 1 јуни 1988 меѓу САД и поранешниот Советски Сојуз, чиј правен наследник е Русија. сп/00:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...