• A-
  • A
  • A+
сабота, 19 април 2014, 

Тепањето се уште актуелен метод за воспитување на децата

Скопје, 26 април 2013 (МИА) - Физичкото казнување како метод за воспитување на децата се уште се применува во Македонија. Поголем број од родителите веруваат дека во воспитувањето на децата е потребно казнување, покажуваат податоците од најновото Меѓународно истражување за состојбата на децата и на жените - МИКС.

На национално ниво, кај 52 проценти од децата е применувано физичкото казнување како мерка за воспитување. Каков било насилен метод на дисциплинирање е применет кај 73 проценти од децата на возраст од 5 до 9 години, 69 проценти кај децата на возраст од 2 до 4 години и 66 проценти кај децата од 10 до 14 години.

- Релативно мал дел од родителите веруваат дека за да се одгледа едно дете соодветно треба да се применува физичка казна, а повисок е процентот на родители кои веќе ја користат физичката казна за да ги воспитаат своите деца. Ваквите бројки покажуваат дека родителите немаат едукатно знаење и вештини како да употребат позитивно и ненасилно однесување кон децата, оцени претставникот на УНИЦЕФ, Шелдон Јет на денешното официјално презентирање на податоците од истражувањето.

Значителен напредок е забележан во делот на раниот детски развој каде бројот на деца на возраст од 36 до 59 месеци кои посетуваат некаква програма за едукација е зголемен на 22 проценти во споредба со 10 проценти од 2005 година.

Напредок има и во делот на запишување на децата во матичната книга на родените каде има зголемување на процентот на 99,7 проценти во однос на 94-те проценти во 2005 година.

Бројките од истражувањето покажуваат дека 98 проценти од децата во основните училишта сакаат да го продолжат своето школување, а зголемен е и интересот на децата Роми за школување.

- Ако пред пет години околу 60 проценти од учениците Роми имале интерес да се запишуваат во училиште, оваа бројка во последните две-три години е зголемена за  над 25 отсто, односно изнесува над 85 проценти. Радува и фактот што постојано расте и бројот на ученици во основните училишта, односно напорите кои ги вложува Владата и Министерството за намалување на бројот на граѓаните кои немаат доволна писменост дава резултати, истакна министерот за образование и наука Панче Кралев.   

Што се однесува до склучувањето на малолетничките бракови е забележано намалување за 1,3 проценти, а зголемена е и свеста за пријавување семејно насилство.

- Ако во 2005 година 21 процент од жените сметале дека е правилно и оправдано мажот да ја тепа, во последниот извештај таква перцепција имаат 15 проценти од испитаничките, посочи министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Интересен е и податокот дека на национално ниво 30 проценти од жените се породуваат со царски рез, иако препораката на Светската здравствена организација е тој процент да не биде повисок од 15. На ваков чекор се одлучуваат повеќе мајките со високо образование.

Во однос на имунизацијата на децата во Македонија е забележан напредок, односно сега процентот изнесува 91 во споредба со 76 проценти во 2005 година.

Истражувањето во Македонија беше спроведено на репрезентативен примерок од 4.018 домаќинства на национално ниво и 951 романско домаќинство. 

Меѓународното истражување за состојбата на жените и децата се спроведува на секои пет години. Македонија беше една од 59 земји опфатени со истражувањето, а добиените наоди помагаат во креирањето на идните политики од социјалната сфера. бак/паг/13:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Други вести ТИКЕР

Полноќни богослужби за Христовото Воскресение

Полноќни богослужби за Христовото Воскресение

Во црквите низ Македонија на полноќ верниците ќе ја чекаат објавата на Христовото Воскресение - Велигден. Централното чествување во Скопје, традиционално, ќе биде во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, каде ќе се одржи Воскресна богослужба со Света Златоустова литургија. повеќе ...

Варшава: САД планираат распоредување копнени сили во Полска

Следната недела Варшава и Вашингтон ќе објават дека САД ќе распоредат свои копнени сили во Полска, во рамки на мерките за засилено воено присуство на НАТО во Источна Европа, изјави полскиот министер за одбрана Томаш Шемоњак по средбата со неговиот американски колега Чак Хејгел во Вашингтон. повеќе ...

Новата рунда израелско-палестински разговори заврши без разултати

Новата рунда разговори меѓу Израел и Палестинците што се одржа со посредство на американскиот дипломат Мартин Индик, заврши синоќа без никаков резултат, соопшти извор од палестинскиот преговарачки тим. повеќе ...

ЕУ подготвува нов пакет санкции кон Русија

Европската унија подготвува нов пакет на санкции против Русија, кои би биле воведени во случај на ескалација на состојбата во Украина, изјави еврокомесарот за буџет Јануш Левандовски во интервју за полско радио. повеќе ...

Ердоган ги тужи Твитер и Јутјуб

Ердоган ги тужи Твитер и Јутјуб

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган до Уставниот суд на Турција поднесе тужба против социјалните интерент мрежи, затоа што, според него, ги прекршиле неговите и правата на неговото семејство, јави ИТАР-ТАСС. повеќе ...

Украинската армија си ги поврати заробените оклопни возила

Вооружените сили на Украина денеска си ги повратија шесте оклопни возила, што им беа одзмени од страна на проруските активисти во источно украинскиот град Краматорск. повеќе ...

Мозаик

„Смајлито“ првпат било употребено во 1648 година, тврди блогер

Американскиот блогер Ливај Стал тврди дека популар...

Ќе се снима продолжение на „Госпоѓа Даутфаер“

Две децении по снимањато на популарната комедија „...

Најскапото чоколадно велигденско јајце (фото)

Њујоршкиот слаткар Жак „Мистер Чоколат“ Торе, најв...

Девојче од Романија за шест месеци спасило 150 кучиња

Тринаесетгодишно девојче од Романија Ана-Марија Ќу...

Лејди Гага пред и по обработка на „Фотошоп“

Минатата година Лејди Гага стана заштитно лице на ...