• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Доделени дипломи за завршени студии на Факултетот на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Доделени дипломи за завршени студии на Факултетот на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Скопје, 22 ноември 2015 (МИА) - Повеќе од 200 дипломци, постдипломци и докторанти, кои ги завршија своите студии на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, добија диплома на церемонија во концертната сала во Солун.

Наградите беа претставени од заменик-канцеларот на Универзитетот Шефилд, проф. Сер Кит Бурнет, кој беше придружуван од професорите и академските колеги од британскиот универзитет. Дипломирањето ја следеше истата академска процедура како церемониите на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство.

За време на церемонијата, шест истакнати алумни беа наградени со „Награда за истакнати алумни”, како признание за нивните видни професионални достигнувања: Панче Кралев, претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком (Дојче Телеком Групација) од Скопје, Мирела Аркимандрити, извршен директор, Центар на родова алијанса за развој, Албанија, Сања Милаковиќ Колунџија, директор, Адвертајзинг агенција ExecutiveGroup, Србија, Катерина Сиампани, гешталт психотерапевт и тренер, Грција, Висар Келеменди, главен извршен директор, Ругове L.L.C., Косово, Грациела Константин, претседател на Комитетот за даноци во Ромската банкарска асоцијација и директор на CEC Банка, Романија. 

Освен дипломците и нивните пријатели, на церемонијата присуствуваа и претставници на властите и на организации од Грција и соседните земји, како и истакнати личности од академската фела, бизнисот и политиката. рп/14:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за ...