• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 ноември 2017, 

Одбележан Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

Одбележан Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

Скопје, 17 мај 2016 (МИА) - Суштината на целиот систем на Обединетите нации е почитта кон човековите права кои важат за сите и се применливи во секоја ситуација без оглед кои сте, како изгледате и кого сакате. Ова се основните начела кои се наведени во универзалната декларација за човековите права која ја почитуваат сите држави-членки на ОН. 

Ова денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата го истакна постојаниот координатор на Обединетите нации, Луиза Винтон, која рече дека за жал постојат многу земји во светот каде овие законски права не се пренесуваат како суштински, како реални права за луѓето кои живеат во нив.

- Постојат 77 земји во светот каде односот меѓу поединци од ист пол се уште се смета за кривично дело, а во пет земји тоа се казнува со смртна казна. Дури и кога овие права се загарантирани во законите на некои од државите, сепак, хомосексуалците се уште се соочуваат со сериозни проблеми на терен, се соочуваат со насилство, со понижување и со друг вид несоодветно однесување, посочи Винтон.

Потенцира дека ОН целосно ги почитува човековите права, ги поддржува активистите во државата кои се занимаваат со заштита и промовирање на правата на ЛГБТИ заедницата со цел да нема дискриминација врз основа на сексуалната ориентација или родовиот идентитет.

- За жал овие два критериуми се уште не се присутни во Законот за заштита од дискриминација. Го повикуваме политичкото лидерство во земјата да се заложи за ова, бидејќи без јасна политичка волја за жал насилствата кои се случуваат против членовите на ЛГБТИ заедницата, остануваат неказнети. Очекуваме дека овој ден нема да се означува и да се прославува како ден за борба против нешто, туку ќе се означува како ден во кој ќе се радуваме на различноста на сите различни карактеристики кои ги имаат луѓето во овој свет, додаде Винтон.

Антонио Михајлов, претседател на Здружението за критички пристап кон родот и сексуалност „Субверзивен фронт“ од Скопје рече дека во Македонија статусот и правата на ЛГБТИ лицата се во загрижувачка состојба.

- Сведоци сме на неколкугодишно тотално неказнување на кривичните дела од омраза засновани на сексуалната ориентација и родов идентитет. Имаме многу голем број случаи на дискриминација врз овие лица кои не се пријавени, самите жртви не се охрабрени да ги пријавуваат. Не постои никаква правна рамка овие лица да си ги остварат своите права, додаде Михајлов.

Холандскиот амбасадор Вутер Пломп рече дека борбата за правата на ЛГБТИ луѓето е важен дел од политиката за човекови права на Холандија.

- Се залагаме за декриминализација на хомосексуалноста, значи тоа да се извади од Кривичниот законик. Се залагаме против дискриминација каде и да се случува таа, дали на работното место или во пошироката заедница и се залагаме за поширока прифатеност на ЛГБТИ луѓето во целиот свет, додаде Пломп. рп/дма/12:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Црниот петок“ во САД започна со шега

Таканаречениот „Црн петок“, тренд на претпразнични...

ПИН фестивал на „Таксират“ со повеќе од 30 бесплатни концерти

Фестивалот „Таксират“ за 20-тото издание организир...

Казната на Оскар Писториус зголемена повеќе од двојно

Затворската казна на поранешниот јужниоафрикански ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „...

Ума Турман со оригинална „честитка“ до Вајнстин

И актерката Ума Турман се придружи на кампањата „#...