• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јануари 2017, 

Кина спојува државни медиуми во силен финансиски сервис

Кина спојува државни медиуми во силен финансиски сервис

Пекинг, 12 јануари 2017 (МИА) – Кина има намера да обедини пет државни медиумски куќи и да направи „модерна медиумска група за финансиски вести“. Со тоа би се зајакнал гласот на државата во медиумското следење економски и финансиски информации, јави Синхуа.

Кинеската влада дала дозвола Синхуа да ги преземе медиумските компании Чајна Секјурити Џорнал, Шангај Секјурити Њуз, Економик Информејшн Дејли, Синхуа Паблишинг Груп, и да основа нова компанија под име – Чајна Форчен Медиа Корпорејшн Груп.

Потегот е со цел „продлабочување на реформите на централните власти во секторот култура“ и „јакнење на влијанието на мејнстрим медиумите во областа на финансиските информации“, се вели во соопштение на Синхуа.

Новата медиумска компанија ќе биде фокусирана на финансиски вести и ќе биде основана следната недела во Пекинг. зш/07:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ