• A-
  • A
  • A+

понеделник, 25 септември 2017, 

Мексико отфрла закани на Трамп за финансирање ѕид по границата меѓу двете држави

Мексико отфрла закани на Трамп за финансирање ѕид по границата меѓу двете држави

Мексико Сити, 12 јануари 2017 (МИА) – Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието изјави синоќа дека неговата држава нема да плаќа за ѕидот што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да го гради на границата меѓу двете држави.

– Очигледно е дека има несогласувања за прашањето со следното американска влада. Мексико нема да плаќа за изградба на таков ѕид, но сметаме дека имаме добри односи, изјави Пења Нието.

Според него, Мексико повеќе би инвестирал во безбедност по границата, но не во ѕид. Изјавата беше дадена по прес конференцијата на Трамп на кој тој повтори дека Мексико ќе го компензира градењето на ѕид меѓу двете држави „во една или друга форма“. зш/07:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ