• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јануари 2017, 

Комисија на Сенатот на САД го поддржа членството на Црна Гора во НАТО

Комисија на Сенатот на САД го поддржа членството на Црна Гора во НАТО

Вашингтон, 12 јануари 2017 (МИА) - Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат синоќа усвои резолуција со која се поддржува членството на Црна Гора во НАТО.

Како што јави ТАСС, ова е втора ваква резолуција поддржана од сенатската Комисија за надворешни работии, по онаа од минатата година, по која до крајот на 2016 година Сенатот не се произнесе.

Претседателот на Комисијата, републиканскиот сенатор Боб Коркер, по гласањето, изрази задоволство што ова сенатско тело повторно ги поддржа аспирациите на Црна Гора за членство на НАТО и изрази надеж дека овој пат Резолуцијата ќе биде одобрена и од Сенатот.

Согласно американското законодавство, договорите за прием на нови членки во НАТО треба да бидат поддржани од најмалку две третини од членовите на Сенатот. сп/07:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

По 37 години падна снег во Сахара

Во алжирскиот град Аин Сефра, во пустината Сахара,...

Бритни Спирс во љубовен триаголник

Американската пејачка Бритни Спирс веројатно нема ...

Џихадистите го уништија славниот Тетрапилон во Палмира

Екстремистите од ИД го уништија Тетрапилонот - еде...

Уште еден моден дизајнер одби да ја облекува Меланија Трамп

Том Форд е еден од повеќето модни дизајнери, кои о...

Една од најубавите жени во светот сподели фотографија од нејзините стрии

Пред само девет месеци пејачот Џон Леџенд и негова...