• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

Хавана, 12 јануари 2017 (МИА) - Директорот на канцеларијата на ОБСЕ за Демократски институции и човекови права Михаел Георг Линк настојува за продолжување на потребата за затворање на Гвантанамо затворот на Куба без понатамошно одлагање, се вели во соопштение од таа организација.

Во тој затвор моментно се уште 59 затвореници.

- Притвор без обвинување или судење, недостиг од одговорност за злоупотреба вклучително и измачување и други малтретирања во Гвантанамо се вршат спротивно на обврските на САД како членка на ОБСЕ, наведува Линк.

Тој додава дека затвор без правда и злоставување немаат место во демократското општество засновано на почитување на правото, човековите права и слободи.

Американскиот затвор Гвантанамо отворен е на 11 јануари во 2002 година, и вкупниот број затвореници кои таму биле е 780, а голем дел од нив се држени без судење или обвинение.

Моментно таму се 59 затвореници, и нивниот трансфер во други држави продолжува.

- Се надевам дека новата администрација ќе ја препознае важноста за строго придржување кон човековите права во борбата против тероризмот, нагласува Линк. зш/09:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Тајландски суд му додели на еден Јапонец старателс...

Израелски научници се подготвуваат за мисија на Марс

Д - Марс е првиот проект спроведен во Израел во со...

Мадона уште еднаш на операција за подмладување

И на прагот од седмата деценија од животот, Мадона...

Доцнењето некогаш може да спаси живот

Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и п...

„Нестле Кит Кет“ прогласена за најдобра чоколада на светот

Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Н...