• A-
  • A
  • A+

вторник, 25 април 2017, 

Судењето за „Дива населба“ продолжи со сведочење на обвинетите

Судењето за „Дива населба“ продолжи со сведочење на обвинетите

Скопје, 17 февруари 2017 (МИА) - Судскиот процес за случајот „Дива населба“ денеска продолжи со сведочење на обвинетите за тероризам.

Сами Укшини, кој е еден од обвинетите во овој случај, изјави дека не се чувствува виновен, бидејќи не командувал со групата. Додаде дека бил еден од организаторите на конфликтот од 2001-та година, а во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор. 

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група. дма/са/14:55

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.