• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

„Маријан“: Ле Пен признала дека фиктивно вработувала асистенти во ЕП

„Маријан“: Ле Пен признала дека фиктивно вработувала асистенти во ЕП

Париз, 17 февруари 2017 (МИА) - Лидерката на Националниот фронт и канидат на оваа партија за француски претседател, Марин Ле Пен ја критикува Европската унија и се залага Франција да го напушти блокот, а во исто време нашироко и бесрамно ужива од нејзините благодети, тврди францускиот весник „Маријан“.

Весникот тврди дека Ле Пен наводно им признала на иследниците од Агенцијата на ЕУ за борба против измами (ОЛАФ) дека фиктивно го вработила нејзиниот телохранител Тјери Лежие како „парламентарен асистент“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквото признание, врз основа на францускиот Кривичен законик, би можело да претставува кривично дело проневера, измама и употреба на лажни документи. 

„Маријан“ наведува дека пред иследниците на ОЛАФ, Ле Пен признала дека фиктивно го вработила нејзиниот телохранител Лежие како парламентарен помошник за да ги регулира неговите плати и трошоци.

Во извештајот од Олаф, кој им бил предаден на француските судски органи кои од март 2015 година, исто така, водат истрага за сомнежите за фиктивни вработувања од страна на екстремната десничарска партија во Европскиот парламент.

Опоред истрагата, европратеници на Националниот фронт вработиле 17 асистенти, од кои инспекторите од Олаф изразиле сомнеж за реалноста на работниот однос на Тјери Лежие и на Катрин Гризе.

Европскиот парламент, врз основа на овој доверлив извештај од 28 страници, поведе постапка за наплата на исплатените плати на ови двајца вработени „асистенти“ на Ле Пен, во вкупен износ од 339.946 евра.

Авторите на извештајот во своите заклучоци нагласуваат дека оваа постапка „би можела да претставува кривично дело за проневера и измама и за користење на лажни документи, согласно одредбите од францускиот Кривичен законик“.

Меѓутоа, Ле Пен и нејзиниот адвокат демантираа дека таа признала пред инспекторите на Олаф дека имала фиктивни вработувања.

Сепак, како и во случајот со кандидатот на денсицата Франсоа Фијон со вработувањето на неговата сопруга како личен асистент, и овој скандал најверојатно ќе се одрази при одлучувањето на француските гласачи на престојните претседателски избори. тг/сп/16:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Интересни факти за германските партиски лидери

Кампањата за утрешните парламентарни избори во Гер...

Би-Би-Си: Петмина политичари на кои географијата не им е посилната страна

Американскиот претседател Доналд Трамп, би можел д...

Мис Турција ја изгуби круната поради навреда на жртвите од пучот во 2016

Етер Есен, која победи на натпреварот Мис Турција ...

Свештеник: Жените имаат четвртина мозок

На саудискиот свештеник Сад ал Хиџри му е забранет...

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досег...