• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември

Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември

Скопје, 17 февруари 2017 (МИА) - Македонски Железници Транспорт АД Скопје инфромира дека денеска на вработените ќе го исплати вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот да ја исплати платата за јануари 2017 година.

- Заради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година кога поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, Македонски Железници Транспорт АД Скопје претрпи директна загуба од 5 милиони евра, на што доколку се додаде и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати 4,5 плати, во почетокот на оваа година повторно се соочува со одредени финансиски предизвици, наведуваат во соопштението.

Од компанијата најавуваат и дека во текот на наредната недела во соработка со Владата на Република Македонија треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.

Поради неисплатените плати синдикатите во „Македонски железници - транспорт“ најавуваа протест.скс/16:14

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ