• A-
  • A
  • A+

вторник, 25 април 2017, 

Париз постави камени блокови за справување со мигрантите

Париз постави камени блокови за справување со мигрантите

Париз, 17 февруари 2017 (МИА) - За да спречи поставување на нов див мигрантски камп во близината на официјалниот прифатен центар за мигранти „Порт де ла Шапел“ во Париз, париските градски власти поставија камени блокови на просторот каде мигрантите ја минуваа ноќта.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, веќе неколку недели група мигранти, главно Суданци, престојуваат недалеку од мигрансткиот центар, бидејќи во текот на ноќите во него се зафатени сите места.

Еден од мигрантите по име Усма за француските медиуми изјави дека минатата ноќ спиел меѓу блокови. - Веќе 17 дена се обидуваме да влеземе во центарот, но Авганистанците не спречуваат, изјави овој Суданец.

Париското Градско собрание соопшти  дека не воведува нова политика против камповите, најавувајќи акција за „згрижување“ на мигрантите,

Извор од градските власти соопшти дека Градот „не сака мали кампови во оваа област", додавајќи дека областа ќе биде опкружен со бариери до крајот. - Сакаме да ги спречиме луѓето да спијат на тоа место, кое може да биде потенцијално опасно, додаде изворот.

Поставувањето на ѕидот од блокови беше веднаш осуден од волонтерите, кои им помагаат на мигрантите. Тие сметаат дека камените блокови се поставени за да се спречат мигрантите да преспиваат на тоа место/

- Оваа непријателска окупација на јавниот простор е недостојна, изјави еден од волонтерите. тг/сп/16:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.