• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

Поранешен шеф на босанската даночна служба е обвинет за корупција

Поранешен шеф на босанската даночна служба е обвинет за корупција

Сараево, 17 февруари 2017 (МИА) - Босанското обвинителство соопшти дека покренало обвинение против поранешен шеф на даночна служба поради земање поткупи од околу еден милион евра.

Обвинет е Кемал Чаушевиќ, шеф на службата за индиректни даноци во период од 2004 до 2011 година, како и двајца бизнисмени, сопственици на трговски компании, поради злоупотреба, корупција и перење на пари во врска со царински измами при увоз на текстилни стоки од Турција, Кина и Унгарија.

Чаушевиќ ги искористил парите за да купи десетина луксузни станови и друг недвижен имот.

Засега не е соопштена сумата на претрпените загуби од поткупот, но на почетокот од истрагата против Чаушевиќ во 2014 година, властите соопштија дека државата загубила околу една милијарда евра. гт/зш/17:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Интересни факти за германските партиски лидери

Кампањата за утрешните парламентарни избори во Гер...

Би-Би-Си: Петмина политичари на кои географијата не им е посилната страна

Американскиот претседател Доналд Трамп, би можел д...

Мис Турција ја изгуби круната поради навреда на жртвите од пучот во 2016

Етер Есен, која победи на натпреварот Мис Турција ...

Свештеник: Жените имаат четвртина мозок

На саудискиот свештеник Сад ал Хиџри му е забранет...

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досег...