• A-
  • A
  • A+

вторник, 25 април 2017, 

Мразот на Арктикот на најниско ниво во последните 38 години

Мразот на Арктикот на најниско ниво во последните 38 години

Женева, 17 февруари 2017 (МИА) - Светската метеоролшка организација соопшти денеска дека нивото на мразот на Арктикот е на најниско ниво во последните 38 години по појавата на глобалното затоплување.

- Зголемувањето на глобалните температури не престанува, поради што на Арктикот е регистрирано исклучително топло време и рекорно ниски количества на мраз за овој период од годината, се наведува во соопштението на Светската метеоролшка организација.

Просечниот опсег на мразот минатиот месец изнесувал 13,38 милиони километри квадратни, што е околу 260.000 километри квадратни помалку од минатата година. гт/сп/17:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.