• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

Изетбеговиќ најавува ревизија на тужбата на БиХ против Србија

Изетбеговиќ најавува ревизија на тужбата на БиХ против Србија

Сараево, 17 февруари 2017 (МИА) - Стотина експерти и претставници на невладини органзиации и на властите од Босна и Херцеговина денеска го поддржаа поднесувањето барање до Меѓународниот суд за правда за ревизија на пресудата по тужба на БиХ против Србија за геноцид, јавија сараевските медиуми.

Десетгодишниот рок за поднесување такво барање истекува на 26 февраури.

Советувањето беше одржано денеска зад затворени врати во Сараево.

Бошњачкиот член во Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ во обраќањето на собирот рече дека заеднички став бил дека Босна и Херцеговина треба да побара ревизија на пресудата во Хаг.

Таа одлука отвора многу прашања, бидејќи е нејасно дали Изетбеговиќ може да поднесува такво барање, со оглед дека двата останати члена на Претседатлството - српскиот претставник Младен Иваниќ и хрватскиот Драган Човиќ не поддржуваат таква одлука, јави Танјуг.

Иваниќ претходно рече дека таква постапка на Изтебеговиќ би претставувала кршење на Уставот на БиХ.

БиХ ја поднесе тужбата за геноцид против тогашна Сојузна Република Југославија (СРЈ) во 1993 година. Тоа беше прв случај во 60-годишната историја на Судот една држава да тужи друга за геноцид.

Меѓународниот суд на правдата на 26 февруари 2007 година пресуди дека Србија, како првен наследник на СРЈ, не може да биде сметана за осговорна за геноцидот во Сребреница, но сепак оцени дека Белград ја прекшил Конвенцијата за геноцид, со тоа што не ги привел и не му ги предал на Хашкиот трибунал извршителите на ова злосоторство.

БиХ во тужбата тврдеше дека Србија, односно СРЈ, е директно одговорна на геноцид извршен на целата територија на Босна и Херцеговина со цел „да се уништи муслиманско-бошњачкото население“ во змејата. зш/сп/19:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Интересни факти за германските партиски лидери

Кампањата за утрешните парламентарни избори во Гер...

Би-Би-Си: Петмина политичари на кои географијата не им е посилната страна

Американскиот претседател Доналд Трамп, би можел д...

Мис Турција ја изгуби круната поради навреда на жртвите од пучот во 2016

Етер Есен, која победи на натпреварот Мис Турција ...

Свештеник: Жените имаат четвртина мозок

На саудискиот свештеник Сад ал Хиџри му е забранет...

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досег...