• A-
  • A
  • A+

сабота, 23 септември 2017, 

Белата куќа негираше мобилизација на припадници на Националната гарда за приведуавње илегални имигранти

Белата куќа негираше мобилизација на припадници на Националната гарда за приведуавње илегални имигранти

Вашингтон, 17 февруари 2017 (МИА) – Белата куќа негираше денеска дека разгледува мобилизација на 100 илјади припадници од Националната гарда во 11 сојузни држави во САД кои би апселе илегални имигранти.

- Нема никакви напори за употреба на Националната гарда за приведување илегални имигранти, изјави Шон Спејсер, портпарол на Белата куќа.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува предлог за мобилизација на до 100 илјади припадници на Националната гарда, кои би апселе илегални имигранти, вклучително и милиони од нив кои не живеат ни близу границата со Мексико, јавија американски медиуми.

Тие се повикуваат на нацрт-меморандум од 11 страници во кој има повик за досега невидена милитаризација на сили, кои треба да се борат со имиграцијата и тоа на север до Портланд во Орегон и на исток до Њу Орлеанс во Луизијана.

Американски медиуми кои имале увид во документот, тврдат дека меморандумот го потпишал министерот за внатрешна безбедност Џон Кели.  зш/19:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досег...

Хрват заштити збор и сега си ги бара сопственичките права

Музичарот Хрвоје Турчин од Загреб, во јавноста поз...

Ураганот Харви зад себе остави гробишта на автомобили

Три седмици откако ураганот Харви го погоди Тексас...

Швајцарците продаваат воздух од Алпите

Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија,...

Почина Лилијан Бетанкур

Наследничката на француската козметичка групација ...