• A-
  • A
  • A+

сабота, 23 септември 2017, 

Берлин: Вашингтон да не влијае негативно на кохезијата на ЕУ

Берлин: Вашингтон да не влијае негативно на кохезијата на ЕУ

Берлин, 17 февруари 2017 (МИА) - Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен денеска го предупреди Вашингтон да не влијае негативно на кохезијата на Европската Унија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција Лејен побара од САД да не ги напуштаат основните западни вредноси и да не се обидуваат да се зближат со Русија на сметка на своите западни сојузници, порачувајќи им „да не мислат дека трансатланското партнерство е гарантирано“.

- Нашите американски пријатели знаат добро дека нивниот тон кон Европа и НАТО има директно влијание врз кохезијата на нашиот континент. Стабилна Европска унија е и во американски интерес како што е тоа единствено НАТО, изјави Лејен.

Според неа, не може да се води политика на еквидистанца кон сојузниците и кон тие што отворено ги потценуваат западните вредности, граници и меѓународното право.

- Сојузниците кои сакаат да градат блиски односи со Русија не смеат тоа да го прават преку главите на своите партнери, им порача Лејен на САД, од кои во исто време побара да ги почитуваат основните вредности што ги потпишаа сите членки на Алијансата.

Тоа, според неа, значи дека никој не смее да користи тортура при спроведување на своите политики, а во исто време да избегнува да им пружа помош на оние на кои им е потребна заштита.

Во врска со поништената уредба на Вашиннгтон со која се забрануваше влез на државјаните на седум доминантно муслимански земји, Лејен истакна дека борбата против тероризмот не смее да се претвори во битка против Исламот и муслиманите, затоа што во спротивно Западот „може да заглави уште подлабоко во ситуација во која теророт ќе расте и да ја загуби поддршката од пријателските муслимански и арпаски нации“.

Остриот настап на германската министерка која е членка на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, следува по пофалбите на новата американска Администрација за Брегзит и помекиот однос на Белата куќа кон Русија по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Пораките на германската министерка не ги ублажи ниту американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој утре ќе има свое официјално обраќање на собирот во Минхен, а денеска говореше на форум на безбедносни експерти во рамки на Конференцијата, од каде упати помирливи тонови кон своите европски сојузници.

- Уверен сум дека ќе ги засилиме нашите партнерства и ќе се соочиме со оние кои што напаѓаат невини луѓе и нашите демократски процеси и слободи, изјави Пенс во обраќањето.

По вчерашната средба меѓу американскиот државен секретар Рекс Тајлерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на собирот на Г20 во Бон, првиот човек на Стејт департментот порача дека САД сакаат соработка со Москва, само ако тоа е од интерес на американскиот народ. гм/сп/19:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досег...

Хрват заштити збор и сега си ги бара сопственичките права

Музичарот Хрвоје Турчин од Загреб, во јавноста поз...

Ураганот Харви зад себе остави гробишта на автомобили

Три седмици откако ураганот Харви го погоди Тексас...

Швајцарците продаваат воздух од Алпите

Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија,...

Почина Лилијан Бетанкур

Наследничката на француската козметичка групација ...