• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Лутфиу ја потпиша Програмата за вториот циклус студии на Факултетот за исламски науки

Лутфиу ја потпиша Програмата за вториот циклус студии на Факултетот за исламски науки

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу заедно со претставници на Министерството денеска се сретна со раководството на Факултетот за исламски науки.

Од МОН соопштија дека нивната делегација била пречекана од претседателот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и деканот на Факултетот за исламски науки доц. д-р Фаредин Ебиби.

Министерот Лутфиу на претседателот на ИВЗ и на деканот на Факултетот за исламски науки им честитал за Решението за почеток со работа од страна на МОН за вториот циклус студии од академската 2017/2018 година. Исто така, од МОН се обезбедени четири милиони денари за научната и образовната дејност на ФИН.

На средбата министерот и претседателот на ИВЗ разговарале и за надминување на предизвиците во насока на создавање на поквалитетни кадри, конкуренти во областа на развојот на оваа висока образовна институција.

Во текот на посетата, претседателот на ИВЗ, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи на министерот Лутфиу му се заблагодарил за поддршката. рп/са/15:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...