• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Навални испрскан со зелена течност по лицето

Навални испрскан со зелена течност по лицето

Москва, 20 март 2017 (МИА) - Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални доживеа незгода кога непознат маж го испрска со зелена течност по лицето во градот Барнаул во Сибир.

- Денеска отворам канцеларија во Бернаул и ќе изгледам како од филмот „Маска“. Кул. Дури и забите ми се зелени, напиша Навални на Твитер, алудирајќи на јунакот од холивудскиот филм кој носи зелена маска. 

Мажот го испрска Навални со познатиот руски антисептик со зелана боја, која останува на кожата со денови. Инцидентот се случи кога опозиционерот му пружи рака.

Навални патува низ Русија и отвора канцеларии во рамките на кампањата за претседателските избори 2018 година, иако со судска одлука му е забрането да се кандидира. ми/ссм/16:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...