• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Русија ќе изгради база во северозападна Сирија за обука на курдските борци

Русија ќе изгради база во северозападна Сирија за обука на курдските борци

Дамаск, 20 март 2017 (МИА) - Русија се договори со курдските Сили за заштита на народот да изгради воена база во северозападна Сирија, каде ќе се обучуваат курдски борци, како дел од борбата против тероризмот. изјави денеска портпарол на Силите, Редур Кселил.

Договорот со Русија бил склучен вчера, а руски војници и оклопни возила веќе пристигнале во Џандарис, округот Африн. Договорот денеска стапува во сила.

Кселил не наведе колку руски војници пристигнале во Џандарис, каде е предвидено да се изгради база.

Џандарис претходно беше мета на прекугранични напади од турската армија. 

Со договорот најверојатно нема да се согласи Турција, за која Сили за заштита на народот се огранок на Курдската работничка партија,

Силита за заштита на народот се сојузник на САД во борбата против Исламска држава во Сирија. ми/ссм/16:48

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...