• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

АХВ: Прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од село Бачишта

АХВ: Прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од село Бачишта

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поведе прекршочна постапка против сопственикот на овчарските кучиња од кичевското село Бачишта кои нападнаа четиригодишно дете.

Постапката, како што соопшти АХВ, е покрената врз основа на извршениот увид на лице место од страна официјалниот ветеринар и овластеното ветеринарно друштво. Притоа, веднаш се преземени сите  мерки пропишани со ветеринарната легислатива.

- Извршен е клинички преглед на кучињата, тие се ставени во изолација и под официјален надзор за следење на евентуална појава на симптоми на болеста беснило. Кучињата кои го придружувале стадото овци не биле ниту вакцинирани против оваа болест, ниту идентификувани со микрочип, што е задолжителна обврска за сопствениците на кучиња, информира АХВ.

Во наредните 15 дена, додека кучињата се под официјален надзор, ќе се следи нивната здравствената состојба за да се исклучи постоење на симптомите на беснило. По истекот на рокот за изолација и официјалниот надзор, официјалниот ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, зависно од утврдената состојба, ќе ги преземе натамошните мерки утврдени со законите од областа на ветеринарното  законодавство. мч/вј/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...