• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Принудно слета јужносудански авион, повредени 14 лица

Принудно слета јужносудански авион, повредени 14 лица

Џуба, 20 март 2017 (МИА) - Авион во сопственост на јужносуданската авиокомпанија „Саут суприм ерлајнз“ денеска принудно слета на аеродромот во градот Вау, северозападен Јужен Судан.

Во авионот имало 45 луѓе од кои при принудното слетување повредени се 14.

- Во авионот беа 40 патници и петмина членови на екипажот. Немам други информации, изјави директорот на „Саут суприм ерлајнз“ Габријел Нганг, додавајќи оти авионот полетал од главниот град на Јужен Судан, Џуба.

Неименуван припадник на локалната спасувачка служба изјави дека „никој не загинал, но оти има поголем број повредени лица“. ми/ссм/17:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Се продава приватниот авион на Елвис Присли

Приватниот авион кој му припаѓал на американскиот ...

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...