• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Куртулмуш: Ставот на европските земји кон Турција е антидемократски

Куртулмуш: Ставот на европските земји кон Турција е антидемократски

Истанбул, 20 март 2017 (МИА) - Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави денеска дека ставот на европските земји кон Турција е антидемократски и не е во согласност со европските вредности и човековите права. 

Куртулмуш нагласи дека Турција користи метафори за „фашизмот“ бидејќи е загрижена за иднината на своите европски пријатели и оти се надева дека тие ќе се сетат на својата крвава историја и дека нема да паднат во замката на нацизмот. 

Тој потенцираше дека европските земји треба да преземат мерки против расизмот.  

Куртулмуш на прес-конференција истакна дека е неприфатливо тоа што германските медиуми имаат толку вести за Турција, посочувајќи дека станува збор за мешање во внатрешните работи на Анкара. 

Кортулмуш наведе дека забраните за одржување на митинзи на турските претставници во одредени европски градови се „неприфатливи“. 

Претходно денеска, германската канцеларка Ангела Меркел побара од Турција да престане да ја споредува забраната за митинзи на турските претставници во Германија со нацистичката тактика. 

Дипломатската криза на Германија и Турција се повеќе се продлабочува откако неколку германски градови од безбедносни причини им забранија на одредени турски министри да одржат говор на митинзите на турската дијаспора. см/ссм/19:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...

Пронајдена најстарата древноегипетска гробница

Египетски археолози открија досега две неистражени...

Село во Германија продадено за 140.000 евра

Селото Алвине во германската сојузна покраина Бран...

Трка на над 7.000 Дедо Мразовци во центарот на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз денеска уче...