• A-
  • A
  • A+

среда, 24 мај 2017, 

Средба на претседателот Иванов со претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер

Средба на претседателот Иванов со претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер

Будимпешта, 20 март 2017 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Будимпешта се сретна со претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Унгарија, особено во контекст на соработката на парламентарно ниво.

Македонскиот претседател оцени дека Унгарија е важен и потврден партнер на Република Македонија и нејзината интеграција во Европската унија и во НАТО. Тој ја поздрави досегашната соработка меѓу парламентите на двете земји, истакнувајќи дека е во согласност со квалитетот на билатералните односи, и изрази очекување за натамошно унапредување во иднина.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можностите за продлабочување на соработката и во други сфери од заеднички интерес.

Претседателот Иванов го информираше претседателот на унгарскиот Парламент за причините за политичката криза во Македонија и за можните решенија. дма/вј/18:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Папата Франциско ја праша Меланија дали Трамп го храни со пица

Папата Франциско на сопругата на американскиот пре...

Почина сер Роџер Мур

Британскиот актер сер Роџер Мур почина денеска на ...

Во Париз украден прстен вреден три милиони евра

Двајца крадци од еден семеен дом во Париз украле п...

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...