• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Скопјани со поддршка за унитарноста на државата

Скопјани со поддршка за унитарноста на државата

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Во Скопје вечерва продолжи протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со кој граѓаните изразија незадоволство за тиранската платформа и дадоа поддршка за унитарноста на државата.

Од граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“ му порача на претседателот Иванов да не подлегнува на никакви притисоци и повторно побараа еврокомесарот Хан да одржи средби со нив за да можат директно да му ги пренесат пораките од улиците ширум Македонија. 

- Ако комесарот не сака да не прими, ние што 22 дена сме на улиците и немаме намера да си одиме дома ќе се погрижиме тој да не слушне, истакна Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Тој за утре го најави најмасовниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Актерот Васил Зафирчев потсети дека 22 ден во повеќе од 30 градови низ Македонија, луѓето се на улиците за да ги бранат, како што рече, црвено-жолтите бои, боите кои ги сакаат и кои им припаѓаат.

- Ако меѓународната заедница им мисли добро на овој народ и земја, најмалку што може да направи е јасно и недвосмилсено да ја отфрли „тиранската“ платформа која ги загрозува државните и националните интереси, порача Зафирчев. Според него, Македонија се уште не е полноправна членка на ЕУ и на НАТО поради неприфаќањето на нашето име и негирањето на нашиот идентитет. 

Поетот Славе Ѓорѓо Димоски се осврна на македонскиот јазик, на неговата историја, традиција и значење.

- Како да го делиме ова мало парче земја. Овде ние не сме многу Македонци, зборувачи на овој јазик, и затоа нема место во ова катче да се дели со друг јазик. Некои викаат дека имаат право на јазик. Да имаат право, веќе зборуваат, пишуваат и учат. Но, тоа не може да биде во Уставот на Република Македонија, рече Димоски.

На иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва и се приклучија и параглајдеристите. мд/вј/19:57

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...