• A-
  • A
  • A+

петок, 18 август 2017, 

Тројца мртви при напад на канцеларија на руското ФСБ

Тројца мртви при напад на канцеларија на руското ФСБ

Москва, 21 април 2017 (МИА) - Вооружен напаѓач отвори оган во канцеларија на Далечниот исток на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), при што три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот.

ФСБ соопшти дека мажот ги минал детекторите за метал, влегол во холот на ФСБ во Хабаровск и отворил оган кон присутните. Убиен е службеник на ФСБ и еден посетител, по што обезбедувањето го застрелало напаѓачот.

Во нападот е повреден еден посетител.

Напаѓачот е идентификуван како А.В. Конев, роден во 1999 година и жител на областа Кабаровск, информира ТАСС.

Според одредени сознанија, тој бил припадник на нео-нацистичка група. ссм/15:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Колку спијат успешните луѓе?

Научниците до сега со многу истражување се обидува...

Најави од Нетфликс: Се снима нов ситком со Мајкл Даглас

Нетфликс најави свој голем проект – ситком серијат...

Римини: Том Круз е дијаболик

Глумицата и поранешен саентолог Леа Римини повторн...

Старнавски повторно ќе нурка во пештерата Врело на Матка

Светски познатиот спелеолошки нуркач Кшиштоф Старн...

Македонската група „Перија“ ја воодушеви публиката во Тулон (видео)

Групата „Перија“, која изведува традиционални маке...