• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Престрелка меѓу полицијата и напаѓач на банка во Германија

Престрелка меѓу полицијата и напаѓач на банка во Германија

Берлин, 21 април 2017 (МИА) - Полицајци пукале во вооружен напаѓач кој влегол во банка во градот Валдшут, близу границата со Швајцарија во покраината Баден Виртенберг, јавуваат локалните медиуми.

Според полициското соопштение, двајца вработени се скриени во една од просториите на банката, а напаѓачот не може да дојде во контакт со нив.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин во престрелката со полицијата, која се случила попладнево, напаѓачот е ранет а полициски сили го блокирале делот од градот каде што се случил инцидентот и од граѓаните бараат да не одат во своите домови во близина на банката.

Според весникот Билд, на покривите од блиските објекти можат да се забележат полициски снајперисти, а на местото на инцидентот се присутни и голем број припадници на специјалните сили на германската полиција. гм/ссм/15:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...