• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 октомври 2017, 

Македонија претставена на саем за туризам во Косово

Македонија претставена на саем за туризам во Косово

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) вчера и денеска по втор пат учествуваше на интернационалниот саем за туризам “Travel Fair” во Приштина, Република Косово.

Интересот на индивидуалните туристи за туристички локации во Македонија, како што информираат од Агенцијата, е ставен на зимските капацитети, Скопје City tours, Кањон Матка и добро познатите дестинации Струга и Охрид.

- За време на саемот, претставници на АППТРМ остварија состаноци со менаџерите на туристичките агенции “In Tours”и “Sharri eco tour”, со кои се разговараше за организирање на туристички пакети за Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на патувања. За успешна туристичка размена и промоција на туристичките потенцијали од регионот на далечните пазари, но и за соработка на различни интернационални проекти за развој на туризмот во двете земји, како и за меѓуинституционална соработка посебно внимание изрази раководителот на сектор за туризам при Министерството за трговија и индустрија на Република Косово, Хисен Согојева, се вели во соопштението од Агенцијата. 

Македонскиот штанд бил посетен од амбасадорот на Република Македонија во Косово Илија Страшевски и градоначалникот на општина Струга, Мустафа Забзун. Оваа година туристичкиот производ на македонскиот штанд го претставија претставници од општина Струга и Хотел Скардус од Попова Шапка.

На овој настан кој се одржува по 14-ти пат туристичката понуда ја претставуваат околу 80-тина егзибитори и коегзибитори и истиот е посетен од околу 15.000 гости. Ваквите настани во земјите од регионот, потенцираат од Агенцијата, ја покажуваат цврстата верба во потенцијалот и ресурсите кои ги имаат за развој на туризмот и привлекување на туристи од далечни пазари, како и зацврстуцање на веќе постоечките. сст/16:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Виетнамка роди бебе со тежина од над седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бе...

Вирусот откриен пред 100 години може да ги замени антибиотиците

Се очекува дека резистенција на антибиотици, однос...

„Егзит“ во март 2018 година почнува со нов фестивал на Јахорина

Откако во 2014 година го почна „Sea Dance“ на плаж...

Вуди Ален за Вајнстајн: Сето тоа е многу тажно, но ...

Целата афера околу Харви Вајнстајн е многу тажна з...

Фон Триер демантира дека сексуално ја малтретирал Бјорк

Данскиот режисер Ларс фон Триер денеска во интервј...