• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Антонио Тaјани: Британија по изборите би можела и да се премисли околу Брегзит

Антонио Тaјани: Британија по изборите би можела и да се премисли околу Брегзит

Лондон, 21 април 2017 (МИА) - Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тaјани, кој престојуваше во Лондон, на своите домаќини им рекол дека Британија, по предвремените парламентарни избори, би можела да го смени своето мислење околу излегувањето од ЕУ. 

Според лондонски „Гардијан“, Тaјани рекол дека другите 27 земји-членки би поддржале една ваква разврска по изборите, без разлика што премиерот Тереза Меј пред крајот на минатиот месец го покрена членот 50 од Лисабонската спогодба, со што и формално го покрена процесот за напуштање на ЕУ.

Тијани смета дека при промената на ставот за Брегзит, може да биде откажано натамошното спроведување на одредбите од членот.

Изјавата на европскиот политичар за тоа дека „се уште има време за откажување од Брегзит“ доаѓа во време кога Меј им порача на британсите гласачи дека „нема враќање назад“.

На почетокот од изборната кампања, таа побара од идните пратеници на Конзервативната партија да бидат целосно посветени на „тврд Брегзит“ што значи напуштање на заедничкиот пазар и на запирање на натамоѓното „мешање“ на европските судии и на европското право во бритнската правна пракса.

Дел од лондонските медиуми, открија детали од агендата на ЕУ за преговорите, во која се посочува дека нема да има договор за Брегзит, доколку не се обезбедат „трајни гаранции“ за правата на државјаните на ЕУ кои сега живеат и работат во Велика Британија, како и спогодба за безбедносните прашња и за почитување на европските закони. ти/ссм/17:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...