• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ бара избори за излез од кризата

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ бара избори за излез од кризата

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска, на 54. ден од протестите го објави Македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“ за излез од кризата.

Во документот порачуваат дека од денеска натаму избори се основното барање на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, како и на сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци кои ги подржуваат.

- Ова барање е логично и рационално продолжение на сите наши досегашни цели. И затоа велиме „не за тиранската платформа, да за избори и финална победа“, се наведува во Македонскиот народен документ.

Според Граѓанската иницијатива изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политичката и институционална криза во Македонија. 

Тие посочуваат дека нивната цел ќе биде остварена и оти за нејзино остварување имаат предвидено прецизни чекори кои ќе почнат да ги соопштуваат од следната недела.

- Ние имаме предвидено и прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме до реализација на оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на мудроста и силата на народот во македонските градови и села, се наведува во документот.

Од иницијативата  „За заедничка Македонија“ бараат и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред –прогласување и распишување предвремени парламентрани избори во Македонија.

Игор Дурловски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред учесниците на протестот порача дека ќе протестираат се додека нивните барања не се исполнат.

- Ние ќе бидеме уште 54 дена, уште 100 дена на протести се додека тоа што го побаравме уште првиот ден не биде исполнето, тргање на страна на документ потпишан во странска држава, заверен со потпис на странски премиер. Се додека тиранската платформа не биде отфрлена и не се распишат нови избори ние ќе бидеме на улиците. Се соочуваат со народ кој си ја сака државата, јазикот, знамето и се додека се чувствуваме загрозени ние ќе бидеме тука, вели Дурловски.

Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија рече дека Ѓорге Иванов ќе ја има нивната целосна поддршка се додека го брани суверенитетот на државата.

- Се додека го брани Уставот на Република Македонија и не доделува мандат за формирање влада на Еди Рама и на тиранската коалиција. Се додека е цврст, додека е железниот претседател ќе ја има нашата полна поддршка, истакна Илиевски.

Протесот започна од пред Владата, а заврши пред Собранието на Република Македонија.

Протести на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва се одржаа и во повеќе други градови низ државата. дма/сст/19:34

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...