• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Средба на Груби со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Средба на Груби со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Скопје, 17 јули 2017 (МИА) - Состојбата во Македонија и во регионот, интегративниот процес во НАТО и ЕУ, прашањето за името, јазичната еднаквост и системските реформи, беа темите за кои денеска разговараа претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби и амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс.

На средбата во Собранието на Република Македонија, Дукс ја нагласи силната поддршка од унгарска страна за македонското интегрирање во НАТО и ЕУ.

Груби го информира амбасадорот дека Комисијата, со поддршка на сите 26 членови и заменици, едногласно ја усвои Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.

- Оваа Декларација е обврска од Пржинскиот договор и целосната поддршка од страна на сите пратеници е големо постигнување и посветување кон реформите, рече Груби и нагласи дека овој процес ќе го води на транспарентен, сеопфатен начин, во партнерство со меѓународната заедница и цивилното општество.

Груби и амбасадорот Дукс разговараа и за јазичната еднаквост. Во овој контекст, Груби ги нагласи очекувањата дека законот за јазикот ќе се усвои што поскоро. мч/дма/14:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...