• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 ноември 2017, 

Лавров: Одземањето на дипломатскиот имот, кражба среде бел ден

Лавров: Одземањето на дипломатскиот имот, кражба среде бел ден

Москва, 17 јули 2017 (МИА) - Американските обиди да се постават предуслови за враќање на рускиот дипломатски имот, одземен во Њујорк и Мериленд, е кражба среде бел ден, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Поранешниот американските претседател Барак Обама нареди одземање на руски дипломатски имот и протерување на 35 руски дипломати во декември минатата година со образложение дека се мешале во претседателската кампања, што Русија го демантира. 

Според Лавров анти-руските чувства на САД не значат дека Русија и САД не можат да се согласат околу глобалните проблеми. ац/зш/16:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.