• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Телеграма од Божиновска до МПЦ-ОА по повод 50 години автокефалност

Телеграма од Божиновска до МПЦ-ОА по повод 50 години автокефалност

Скопје, 17 јули 2017 (МИА) - Директорoт на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска денеска упати телеграма со честитки до Македонската православна црква - Охридска архиепископија и архиепископот охридски и македонски  г.г. Стефан по повод јубилејот 50 години од возобновувањето на Македонската православна црква.

- Пред 50 години (на 17 јули 1967 година), Светиот Синод на МПЦ го свика Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква „Св. Климент Охридски“ ја донесе одлуката за прогласување на МПЦ за автокефална. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ е извршен на Светата архијерејска литургија, отслужена во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ на 19 јули 1967 година од Светиот архијерејски синод на МПЦ. Со овој чин на македонскиот народ му беше вратена честа, гордоста и правото на слободна духовна определба, по неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 година, стои во телеграмата.

Божиновска во телеграмата посочува дека МПЦ – ОА беше и останува стожер на македонското национално и духовно опстојување, чувар на македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик и бранител на националното духовно и културно богатство. рп/паг/16:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...