• A-
  • A
  • A+

среда, 20 септември 2017, 

Припадник на најниска каста - фаворит на изборите за претседател на Индија

Припадник на најниска каста - фаворит на изборите за претседател на Индија

Њу Делхи, 17 јули 2017 (МИА) – Во Индија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на кандидатот на владејачката коалиција Рам Нат Ковинд, припадник на најниската каста, т.н. „недопирливи“ (daliti).  

Поранешниот гувернер на државата Бихар беше избран минатиот месец за претседателски кандидат на коалицијата околу Индиската национална партија на премиерот Наредра Моди, што се оценува како повеќедецениски настојувања на хиндуистичките националисти да добијат поддршка од заедницата „недопирливи“, објави Гардијан.

Претседателот на индиректни избори го бираат повеќе од 1.000 членови на сојузниот парламент и законодавни тела на сите индиски држави. Резултатите од изборот за претседател кој во пракса има воглавно церемонијална улога, се очекуваат в четврток.

Ковинд (71) има поддршка од најголемата партија во Индија и се очекува да го победи Меиra Кумар, поранешнa дипломатka и пратеник кандидиран од опозициската партија Индиски национален конгрес и нејзини сојузници.

Кумар исто така припаѓа на најниската каста далита, што укажува на изборнo и симболично значење на таа заедница, наведува Гардијан.

Далити се вон традиционалната поделба на индиското општество на 4 касти. Тие се сметале за „нечисти“ и протерувани на маргините на општеството поради што илјадници години живееле во сиромаштија. Програмите спроведени во изминатите 70 години со цел намалување на нивната дискриминација не дале видливи резултати. зш/20:05

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...

АББА планира „холограм турнеја“ во 2019 година

Шведската поп група АББА планира светска турнеја в...