• A-
  • A
  • A+

среда, 20 септември 2017, 

Судиите од Кривичниот суд се сретнаа со експертската група на Прибе

Судиите од Кривичниот суд се сретнаа со експертската група на Прибе

Скопје, 17 јули 2017 (МИА) Судиите на Кривичниот суд денеска одржаа средба со експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе. На средбата, како што соопштија од Судот, било истакнато дека извештајот на работната група и препораките од јуни 2015-та година се основа за реформите во судството.

Како што е наведено во соопштението, судиите ја истакнале потребата од нивно поактивно вклучување во процесот на изготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање на судството, условите за избор и напредување во кариерата, следењето на работата и оценувањето на судиите, разрешување на судии ...

Воедно судиите посочиле дека ги поддржуваат процесите кои водат кон зајакнување на нивната независност и враќање на довербата на граѓаните во судството.

- Присутните на средбата се согласија дека само независно судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните, се додава во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје. дма/ев/16:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...

АББА планира „холограм турнеја“ во 2019 година

Шведската поп група АББА планира светска турнеја в...