• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Состанок за препораките на ГРЕКО во Министерството за правда

Состанок за препораките на ГРЕКО во Министерството за правда

Скопје, 17 јули 2017 (МИА) - Во Министерството за правда денеска се одржа координативен состанок во врска со реализацијата на препораките на Групата на држави против корупција – ГРЕКО на Совет на Европа од Четвртиот круг на евалуација, на тема: „Спречување на корупцијата кај членовите на Собранието, судиите и јавните обвинители“.

- Учесниците на состанокот информираа за преземените активности за понатамошна реализација на препораките за кои ГРЕКО, во Првиот Извештај за усогласеност за Република Македонија – Четврт круг, заклучи дека се нереализирани и делумно реализирани. Со оглед на фактот дека ГРЕКО, со споменатиот извештај, го утврди 31 јануари 2017 година како краен рок за реализација на препораките, беа разменети и информации за состојбата и плановите на институциите во претстојниот период во оваа насока, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Министерот Саљији на средбата ја истакнал својата заложба за реализација на препораките на ова тело кои се во доменот на Министерството и истакнал дека тие се веќе предвидени во програмата за работа на институцијата. Воедно ги повика и останатите надлежни институции да преземат мерки со цел за реализација на препораките кои се од нивна надлежност во рамките на предвидениот рок.

На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, покрај министерот за правда, Билен Саљији, присуствуваа Анета Арнаудовска, шеф на Делегацијата на РМ во ГРЕКО, претседателите на Судскиот совет, на Здружението на судии, на Здружението на јавни обвинители, на Државната комисија за спречување на корупција, претставник на Собранието на РМ и претставници на надлежните сектори од Министерството за правда. ев/дма/16:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...