• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

Атина, 17 јули 2017 (МИА) - Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со медијаторот Метју Нимиц во Брисел.

Тој, како што објави грчкото Министерство за надворешни работи, го информирал медијаторот за ставот на Атина по средбите кои грчките власти ги имале „со новата Влада на северниот сосед“.

- Се договоривме да останеме во контакт и да бараме начини со кои можеме да отвориме процес за да се најде решение, рекол Коѕиас.

На новинарско прашање дали Грција има индикации за добра волја од страна на Владата во Скопје, шефот на грчката дипломатија одоговорил дека „има комуникација“.

- Комуникација да. Суштината треба да ја покажат, изјавил Коѕиас. јт/17:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...