• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

По невремето на Халкидики само едно македонско семејство се обратило до конзулатот во Солун

По невремето на Халкидики само едно македонско семејство се обратило до конзулатот во Солун

Скопје, 17 јули 2017 (МИА) - Досега само едно семејство од Македонија кое било на летување во Торони, на вториот крак Ситонија на Халкидики се обратило до Конзулатот во Солун по невремето проследено со дожд. Македонското Министерство за надворешни работи информира дека членовите на ова семејство не се наоѓаат во опасна и загрозувачка состојба.

Од МНР исто така соопштија дека нема македонски државјани и меѓу евакуираните туристи од страна на грчките служби во Торони, Порто Куфо и Тристика на вториот крак Ситонија каде дојде до поплавување на паркирани возила по интензивните врнежи. Во Грција поплави има и на други патишта особено на патот Лариса-Кожани.  

Во Македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон 00306987200410 на кој во случај на потреба може да се обратат сите македонски државјани, информираат од МНР. ев/дма/18:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...