• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Лажна сметка од вечерата меѓу Макрон и Трамп од 82.000 евра

Лажна сметка од вечерата меѓу Макрон и Трамп од 82.000 евра

Париз, 17 јули 2017 (МИА) - Еден интернет портал во Франција негодува поради високата сметка на вечерата меѓу двата претседатели Емануел Макрон и Доналд Трамп, заедно со нивните сопруги во ресторанот Жил Верн на Ајфеловата кула, но без притоа да провери дека сумата од 82.345 евра за која зборува е измислена од страна на белгискиот сатиричен портал Нордпресс, јавува дописникот на МИА од Париз.

Оваа лажна информација на францускиот портал, близок до крајната десница, не е прва од ваков вид, пишува Декодес на париски Ле Монд. Порталот дури и тврди дека таа информација била „потврдена“ од екипата на Макрон.

Се започна со статија на белгискиот сатиричен портал, кој тврдеше на 15 јули дека ја објавиле „неверојатната сметка “ од вечерата на двете претседателски двојки. Ова пропратено со многу лоши копии од сметка, која воопшто не е од вечерата.

Потоа во втората статија, во неделата на 16 јули, и преку твитер профил, кој му се припишува наводно на Макрон, тврди дека реалната сметка била 82.345 евра.

„Ние сме среќни да знаеме дека вечерата чинеше само 82.345  евра, наместо 154.953 иринизираше Нордпрессе.

Споменатите цени изгледаат навистина претерани, во ресторанот Жил Верн на Алан Дукас кој се наоѓа на вториот спрат на Ајфеловата кула. Француските телевизии го објавија менито. Менито „експеријанс“  чини 230 евра по гостин, и „пакетот вечера“ чини 950 евра за две лица,  шест чаши вино чинат 120  евра... тг/18:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...