• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Јапонија отвори амбасада во Тирана

Јапонија отвори амбасада во Тирана

Тирана, 17 јули 2017 (МИА) – Јапонија отвори своја амбасада во Тирана, а на свеченоста присуствуваше Нобуо Киши од државното Министерство за надворешни работи на Јапонија.

Киши високо ја оцени улогата на Албанија како фактор на стабилност во регионот и вети максимална ангажираност на Јапонија во економската поддршка и тоа не само за Албанија.

Претходно, на средбата што Киши ја имал со шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати високо е оценета соработката меѓу двете земји во рамки на меѓународните организации, доброто искуство во реципрочната поддршка на кандидатурите, како и на заземањето заеднички ставови за значајни глобални прашања.

Двајцата министери изразиле подготвеност за унапредување на соработката во иднина.

Тие присуствувале и на свеченото примопредавање на 129 возила, донација на јапонската Влада за албанските власти. вт/гт/21:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Епохално откритие на научник во врска со потеклото на човечкиот род

Луѓето настанале од материја која патувала милијар...

Мајк Тајсон: Бев силуван како дете

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Та...

Ријана најави големо изненадување за во септември

Поп пејачката Ријана денеска ја посети Елисејската...

Анџелина Џоли се труди да биде добра мајка и домаќинка

Анџелина Џоли ги остави филмовите и ангажманите на...

Американски министер жртва на руски шегаџии

Американскиот министер за енергетиката, Рик Пери б...