• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

Рудното богатство на Северна Кореја вреди 10.000 милијарди долари

Рудното богатство на Северна Кореја вреди 10.000 милијарди долари

Москва, 13 септември 2017 (МИА) - Северна Кореја лежи на резерви од над 200 минерални руди, чија вредност е проценета на повеќе од 10.000 милијарди долари, објави „Раша тудеј“.

Телевизијата наведува дека не постојат официјални податоци за тоа колкава е точната вредност на севернокорејското рудно богатство, но според груби проценки од почетокот на деценијава, севернокорејските резерви на јаглен, железна руда, цинк, бакар, графит, злато, сребро, магнезит, молибден и многу други метали, вредат меѓу 6.000 и 10.000 милијарди долари.

Нејзината почва, исто така, содржи голем број на метали потребни за да се направат паметни телефони и други технолошки производи.

Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосна забрана на Обединетите нации, откако Пјонгјанг го зголеми бројот на нуклеарните проби и покрај силното противење на меѓународната заедница.

Сепак, рударскиот сектор останува клучен за економијата на Северна Кореја и многу експерти веруваат дека токму со рударството земјата ги покрива своите воени трошоци.

Приватното рударство е нелегално во Северна Кореја и околу 14 отсто од нејзината економија се состои од рударски подземни ресурси, пишува весникот „Кварц“.

Кина е претставена со околу 90 проценти од надворешната трговија на Пјонгјанг, и според дел од експертската јавност официјален Пекинг е заинтересиран да има монопол над одредени делови на извозот од Северна Кореја, посебно во делот на скапоценетите камења, објави неодамна „Њујорк пост“. ссм/гт/17:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ