• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 ноември 2017, 

МНР: Јасна поддршка за новата реформска Влада од Обединетото Кралство и Северна Ирска

МНР: Јасна поддршка за новата реформска Влада од Обединетото Кралство и Северна Ирска

Скопје, 13 септември 2017 (МИА) - Исполнетата дводневна агенда на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Лондон резултираше со позитивна порака на поддршка за реформските процеси на Владата, а со потпишување на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу двете земји Македонија ја потврди својата определба за членство во НАТО и ЕУ, информира МНР.

 - Низ многубројните средби на македонската делегација со значајни политички актери на Обединетото Кралство, Македонија доби признание за вистинската насока на земјата, меѓу кои министерот за Европа сер Алан Данкан, членовите на Комитетот за надворешни работи на Горниот дом на Парламентот, како и од лабуристичкиот министер „во сенка“ за одбрана и надворешни работи и комонвелт Фабиан Хамилтон, наведува МНР во соопштението.

Министерот Димитров, исто така, имал средба и со претставниците на дијаспората на Република Македонија во Обединетото Кралство, на свечен прием организиран од Македонската амбасада во Лондон по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. аа/хс/18:04

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Црниот петок“ во САД започна со шега

Таканаречениот „Црн петок“, тренд на претпразнични...

ПИН фестивал на „Таксират“ со повеќе од 30 бесплатни концерти

Фестивалот „Таксират“ за 20-тото издание организир...

Казната на Оскар Писториус зголемена повеќе од двојно

Затворската казна на поранешниот јужниоафрикански ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „...

Ума Турман со оригинална „честитка“ до Вајнстин

И актерката Ума Турман се придружи на кампањата „#...