• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 ноември 2017, 

Премиерот Заев се сретна со претставници од Сојузот на борците

Премиерот Заев се сретна со претставници од Сојузот на борците

Скопје, 13 септември 2017 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претставници на Сојузот на борци - Вера Бунтевска, в.д. претседателка на Главниот одбор на Сојузот на борци на Република Македонија, Евзи Мемети, потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на борци на Република Македонија и Трајко Стаматоски, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ.

На средбата, на која претседателот на Владата беше придружуван од вицепремиерката  и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, преставниците на Собузот на борци му го честитале на Заев назначувањето претседател на Владата на Република Македонија и составот на демократска Влада.

- Вашите заложби, верба и оптимизам даваат сила и водат напред. Веруваме во вас, ве поддржуваме и ве охрабруваме да продолжите со мудрите политики со коишто се грижите за сите граѓани и на Република Македонија и го враќате достоинството на луѓето и на државата на регионален и меѓународен план, порачале претставниците од Сојузот на борци на Република Македонија и од Град Скопје.

Како што соопшти владината прес-служба, тие му се заблагодариле на премиерот Заев и на Владата што уште во ребалансот на Буџетот за оваа година се предвидени средства на Сојузот на борци на Република Македонија и за политиките на разбирање што ги покажува новата Влада за значењето на борците за Република Македонија и за НОБ, како еден од најзначајните периоди во историјата на Република Македонија.

Заев со борци 2

Премиерот Заев соопштил дека Сојузот на борци на Република Македонија ќе биде застапен со соодветни финансиски средства во Буџетот и за 2018 година за да може да ги реализира програмите и активностите со коишто се негува традицијата и се афирмираат придобивките од НОБ, преку современиот патриотизам за татковината.

-Тоа е значајно во историска смисла, но и за вредностите значајни за сегашните и идните генерации, трезвеноста, определеноста кон слободата, кон љубовта и заштитата на државата, шти ги застапува Сојузот на борци на Република Македонија, чиј член сум и јас, како поддржувач на организацијата, соопштил премиерот Заев.

На средбата е договорено Владата да му помогне на Сојузот на борци на Република Македонија со соодветен простор за функционирање со оглед дека им е одземен нивниот имот, за којшто организацијата планира низ правни процедури да дојде до правдата. Исто така, претставници на организацијата ќе бидат вклучени во одбележувања значајни датуми за Република Македонија и во сите други државни настани, со што ќе се врати значајното место на борците во општествениот живот во Република Македонија, информира Службата за информирање во Владата. хс/ 18:15

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Црниот петок“ во САД започна со шега

Таканаречениот „Црн петок“, тренд на претпразнични...

ПИН фестивал на „Таксират“ со повеќе од 30 бесплатни концерти

Фестивалот „Таксират“ за 20-тото издание организир...

Казната на Оскар Писториус зголемена повеќе од двојно

Затворската казна на поранешниот јужниоафрикански ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „...

Ума Турман со оригинална „честитка“ до Вајнстин

И актерката Ума Турман се придружи на кампањата „#...