• A-
  • A
  • A+
петок, 24 ноември 2017, 

Почна Парламентарното собрание на НАТО во Букурешт

Почна Парламентарното собрание на НАТО во Букурешт

Букурешт, 6 октомври 2017 (МИА) - Романскиот парламент од денеска до 9 октомври е домаќин на 63. сесија на Парламентарното собрание на НАТО, на кое учествуваат делегации од повеќе од 50 држави - земји членки, асоцијативни членки и набљудувачи.

Шефот на ромаската делегација на ПС на НАТО, Верџил Кицак истакна дека 63. сесија на Парламентарното собрание е најважна средба од крајот на Студената војна.

- Фактот дека за 20 години, Романија трипати организира ваква важна сесија покажува дека сме членка во која може да се има доверба... Оваа сесија се случува во период кога Алијансата е длабоко поткопана и се прват обиди за дестабилизација, посочи Кицак.

Претседателот на ПС на НАТО, Паоло Али изјави дека Романија е еден од најважните партнери на Северноатлантската алијанса и е „активен учесник во заедничката безбедност“.

Али се осврна и на безбедносната ситуација на Западен Балкан.

- Сметам дека ситуацијата тука треба да биде стабилизирана колку што е можно побрзо и ние, како НАТО и Европска унија треба заедно да вложиме најголеми напори и да ја забрзаме евроатлантската интеграција на најпроблематичните зони на Западен Балкан, посочи Али.

Тој се осврна и на ситуацијата во Авганистан, наведувајќи дека по повлекувањето на НАТО трупите во 2014 година забележан е пораст на тероиризмот.

- Ние не можеме да процениме што се случува во Авганистан бидејќи ги повлековме нашите трупи од таму... ние гледаме зголемување на тероризмот... талибанците контролираат голем дел од земјата, истакна Али.

На последиот ден од сесијата на ПС на НАТО, на 9 октомври ќе се обратат претседателот на Романија, Клаус Јоханис и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. ми/15:08

###

 

   

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.