• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Хуманитарен настан за бездомните животни

Хуманитарен настан за бездомните животни

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА)Промотивен/хуманитарен настан за собирање донации за помош и заштита на бездомните животни, организира денеска Граѓанската иницијатива Кане Корзо Надеж.
 
Настанот е од отворен карактер, а поканети се сите кои сакаат животни, доброволци, активисти. Ќе можат да донираат храна, ампули, каква било опрема за кутриња или друго нешто што би можело да биде корисно за бездомните животни.
 
Уметниците Лидија Стефановска, Светлана Ивановска, Марина Јакшиќ, Жаклина Мучева, Соња Димовска, Алма Идризи, Емили Унева, Ангела Стојановска, Неслихан Сулејман,... ќе имаат изложено свои ракотворби, а 20 отсто од нивната заработка ќе биде донирана за бездомните животни.
 
Настанот го помага и модниот дизајнер Ирина Тошева заедно со студио Ла Дама. Тие, од сумата собрана од продадените парчиња, ќе донираат 30 проценти за бездомните животни.
 
Изложена ќе биде и поезијата „Еленот слуша виножито“, донација од издавачката куќа „Три“, со Магдалена Чапаровска. мч/ац/09:19

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...