• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

ЛИ 2017/ Николовски: Зелена нафта за земјоделците од наредната година

ЛИ 2017/ Николовски: Зелена нафта за земјоделците од наредната година

Берово, 7 октомври 2017 (МИА) - Зелена поевтина нафта за земјоделската механизација која ќе можат да ја користат земјоделците од наредната година, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски синоќа од беровското село Смојмирово на промоцијата на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Берово, Звонко Пекевски.

- Напарвени се законски измени во консултација и со стручни лица и со земјделски здруженија за да се креира законот за зелена нафта. Вклучени се сите чинители и по изборите ќе влезе во владина процедура и вистинските земејоделци ќе користат поевтина зелена нафта за механизацијата, истана Николовски.

Тој истакна дека почна да се реализира ветувањето за зголемување на процентот исплатен за земјоделците.

- Ќе ги зголемиме субвенциите за 20 отсто по хектар до крајот на мандатот, а веќе направивме измени за 10 отсто зголемување. И за оваа 2017 година ќе има 10 отсто поголеми субвенции за фуражни култури, за овоштарство, лозарство и тоа е потврда дека во 2018 година ќе исплатиме поголем зејоделски буџет и ќе исплатиме повеќе пари на вистинските земјодлеци, истакна Николовски.

Николовски потенцираше дека за помалку од три месеци се исплатени над 70 милион евра за субвенции, без да се прават списоци ниту селекции на земјоделците.

- Во еден ден исплативме 25 милиони евра за тутунарите, не по список, туку на сите, девет милиони евра на сите лозари, два милиони евра на 2.300 пчелари. На еден ден ги исплаќавме парите без списоци во разно разни комитети и без да ги делиме земјодлеците. Делењето на земјодлеците е минато и за нас има само вистински земјоделци и сточари. Над 60 илјади земјоделци за три месеци ги добија своите пари, остануваат уште 3 отсто за исплата и штом завршат контролите наредните денови ќе бида исплатени, рече Николовски.

Тој порача дека ќе има ревизии на доделените концесии и борбата за враќање на одговорноста, правдата, започнува во Министертсвото за земјоделство, за да се вратат парите назад кон вистинските змејоделци. 

Кандидатот за градоначалник на Берово од СДСМ, Пекевски, пред жителите на Смојмирово истакна дека во неговата програма централно место зазема отворањето на Руралниот информативен центар кој ќе им помогне на сите земјоделци за остварување поголем род и подобар проход во семејството.

- Во Руралниот информативен центар ќе се нудат услуги и ќе се даваат информации и секаква помош при аплицирање на земјоделците по активните мерки за земјоделство и рурален развој на Владата. Ќе се ангажираат експерти и стручни лица за обука на земјоделците од областа на овоштарството, пчеларството, сточарството. Исто така, ќе дадеме и поддршка на иницијативите за формирање на локални акциски групи создадени од ЕУ, а ќе ги поддржуваме сите земјоделски здруженија со цел д абидат активно вклучени во процесите за донесување одлуки, истакна Пекевски.

Пред присутните свое обраќање имаше и носителот на листата за кандидати на Советот во Општина Берово, Јован Матеничарски. дт/ац/15:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.