• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

ЛИ 2017/ Павловска:Поддршка на културните манифестации и отворање младински културен центар

ЛИ 2017/ Павловска:Поддршка на културните манифестации и отворање младински културен центар

Крива Паланка, 7 октомври 2017 (МИА) - Носителката на кандидатска листа за советници во Крива Паланка од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, Изабела Павловска,на денешната прес конференција најави промоција, поддршка и развој на културните вредности во општината.

- Сите досегашни манифестации ќе ги продолжиме и ќе ги надополниме со уште поинтересни содржини за граѓаните. Ќе формираме и младински културен центар каде младите ќе имаат можност да учат но и да творат, збогатувајки го на тој начин нашето културно наследство. Ќе ги промовираме нашата историја и нашите обичаи, за Крива Паланка да биде препознаена и како туристичка дестинација но и за да се потсетуваме кои сме и од каде потекнуваме, рече Павловска.

Порача да се зачуваат културата и културните вредности и да са негуваат, затоа што од тоа,како што рече, ќе зависи какво наследство ќе оставиме на идните генерации. ид/ац/10:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за ...